Колку долго може да старее вашето омилено виното? Пробајте го овој трик за да дознаете!

Првично објавено на: https://sezavino.mk/колку-долго-може-да-старее-вашето-омил/

Овој мал трик ќе ви биде добар показател за тоа колку долго можете да го стареете вашето омилено вино пред да ја изгуби својата магија. Сè што ви треба е чаша, пенкало и хартија и фрижидер.

Кога ќе го пронајдете виното кое што многу ви се допаѓа, обично го купувате честопати или по неколку шишиња наеднаш. Особено ако ги чувате за посебни прилики, добра е идејата да пробате и да откриете колку долго можат да стареат овие сакани шишиња.

Добрата вест за овој експеримент е таа што не ви е потребно целото шише со вино; штом ќе го отворите, можете да пиете нешто помалку од половина. Пробајте да напишете неколку белешки за аромата и вкусот на виното за секој чекор.

Спремајте го шишето на начин така што: веднаш штом го отворите и си ставите во вашата чаша, затворете го повторно со плутата и ставете го во фрижидерот.

Следниот ден, ставете си во чашата повторно и нека ви служи како за примерок. Не заборавајте да напишете уште еднаш белешка за вкусот и аромата на виното. Ако е црвено вино, исто така не заборавајте чашата со виното или примерокот да ја оставете на собна температура некое време пред да го пробате. Повторувајте го овој процес неколку дена додека не се потроши целото вино.

Ако аромата на виното продолжува да се отвора и развива пријатни вкусови во текот на неколку дена, ви честитам, вашето омилено вино има способност подолго да старее. Во превод, ваквите вина имаат животен век од две до три години. (не отворено). 1 ден = 2 до 3 години стареење.

Ако аромата на виното се отвори после еден ден од чувањето во фрижидер, но потоа брзо станува рамно, размислете за тоа да го пиете порано. Од вавите вина може да очекувате животен век околу една до две години.

Важно е да се напомене дека овој тест дава општо откривање на потенцијалот за стареење на виното, но мора да го чувате правилно за да му овозможи да живее колку што е можно подолго! Бидете сигурни дека вашето вино го одржувате во ладна просторија со минимални температурни флуктуации и подалеку од сончева светлина.