Заштитете го грозјето од нападот на птиците на овој начин [1]

Првично објавено на: https://sezavino.mk/заштитете-го-грозјето-од-нападот-на-пт/

Нападот од птиците може да го претвори вашето грозје во хаос од гнило и расипано грозје. Целта на лозарите е да го извлечат максимумот од бербата, а тоа да се достигне мора да се спречи нападот од птиците и спречување на штетата која чини многу. Заштитете го грозјето на следниов начин:

Покривање на гроздот со торбички од хартија

слика 1

Ставете ги гроздовите во хартиени торби откога ќе ја промени својата боја. Обично птиците не ги привлекува грозјето додека е незрело сè додека не започне со созревање. Кога грозјето почнува да созрева и менува бои, веднаш направете го овој потег.

слика 2

Како што е прикажано на втората слика, земете пар ножици и исечете 5,1 см од двете страни на торбата. Следете го централниот раб на торбата како упатство за тоа каде да го направите процепот.
Овој процеп служи за протнување на лозата.

слика 3

Бидејќи на листовите им е потребна директна сончева светлина и доколку се во торбата тие ќе спурат, следно што треба да направите е да ги исечете сите оние лисја што ќе ги покрива торбата (слика 3). Иако лисјата не можат да растат во торбата, грозјето може да расте без да се спури. Сепак, тие созреваат побавно.

слика 4

Позиционирајте го гроздот така што лозата ќе легне на страничните пресеци (слика 4). Преклопете го горниот дел од торбата и затегнете ја со лента или залепете ја со трака или хефталица (слика 5). Повторете го овој потег на сите гроздови, сè додека не ги покриете и заштитете сите.

слика 5

Чувајте ги така сè додека не дојде бербата. Ако во случај на силен ветер, дожд или тешки временски услови се уништат торбите, заменете ги со други.
Ако не сте сигурни дали е време за берба, извадете ја торбата до половина грозд. Испитајте го грозјето и во зависност од тоа дали е време или не, повторно ставете ја торбата.

Како алтернатива на хартиените торби со цел да го заштитете грозјето можете да користете торби од органза (торба со транспарентет материјал). Хартиените кеси се гломазни и можат да отежнат во набљудувањето на грозјето. Ако се користат ваквиот вид на торби нема потреба да ги сечете лисјата (слика 6).

слика 6
или
Заштитете го грозјето од нападот на птиците на овој начин [1]