Дали жените се подобри дегустатори од мажите

Првично објавено на: https://sezavino.mk/дали-жените-се-подобри-дегустатори-од/

Ако сте аматер за дегустирање вино сигурно сте се запрашале зошто не можете да ја вкусите малината или нотата од кора на портокал за која друг вели дека ја има.

Генетиката влијае многу за тоа зошто имаме различни перцепции за вкус. Научниците докажале дека постои генетска компонента за тоа како доживуваме горчливи или слатки вкусови. И за супердегустаторите кои се родени а не создадени се смета дека поинтензивно доживуваат многу вкусови.

Но, што ако нашата способност за согледување нијанси на вкус е поврзана со нешто едноставно како на пример полот?

Дали жените се подобри дегустатори на вино од мажите е тема за која се дискутира многу често во светот на виното.

Интересно е тоа што било забележано дека на жените им е потребно многу помалку време за тренинг во дегустирање за да достигнат исто ниво како мажите.

Ова било потврдено преку еден експеримент (објавен во Nature Neuroscience во 2002 година) каде биле тренирани група мажи и жени од различна возраст за да идентификуваат два специфични мириси во разредени концентрации.
Тогаш научниците откриле нешто прилично интересно:
за жените кои биле на репродуктивна возраст приметиле дека нивната осетливост кон некоја од миризбите се зголемува за 5 пати повеќе. *Им бил даван истиот мирис повеќе пати – мажите имале стабилно чувство за мирис, додека жените во репродуктивни години со текот на времето станувале се повеќе чувствителни на тој мирис.

За втората студија, која се појавила во списанието „Chemical Senses“ во 2005 година, научниците спроведиле повеќе експерименти:
тие тренирале мажи и жени да откриваат повеќе мириси, плус жени кои биле во постменопауза и мажи со иста возраст, како и момчиња и девојчиња пред пубертет.

И повторно откриле дека само жените на репродуктивна возраст биле во можност да детектираат повеќе мириси со сè пониски концентрации. 

Но, овој пат тие откриле дека чувствителното дејство е уште поголемо: жените во репродуктивна возраст можеле со мало тренирање да идентификуваат мириси со концентрации дури 11 пати пониски од мажите кои почнале со слично искуство во дегустирање. 

На што се должи ова?

Нучниците велат дека сексуалните хормони присутни кај жените во репродуктивноста мора да имаат врска со ова. Експериментите исто така сугерираат дека хормоните и вниманието работат заедно. Не е дека жените се супер чувствителни на сè – тоа е дека жените се подобри дегустатори и се малку подобри во тоа кога вниманието го насочуваат кон мирисот.

Или затоа што сме генетски предиспонирани – додека мажите ловеле животни во палеолитот, жените ја тестирале и собирале храна која била безбедна за јадење и како резултат за тоа развивале подобро чувство за мирис и вкус. Ако мускулот на мажот не успеал, племето гладувало. Ако носот на жената не успеал, племето се разболувало.

Сепак, не мора да значи дека овие истражувања се точни, постојат многу други фактори кои влијаат на чувствителноста. Eдно е сигурно а тоа е дека сите ние живееме во различни сетилни светови. Да се ​​живее во вистински преосетлив сетилен свет не е подобро или полошо – само поразлично. Всушност, тоа доаѓа со многу предизвици за прилагодување на вкусови на храна и вино. И не постои начин, форма или услов да се биде експерт за вино или подобар дегустатор.