Сакате да направете овошно вино? Колку шеќер треба да додадете?

Првично објавено на: https://sezavino.mk/сакате-да-направете-овошно-вино-колку/

Производството на вино не треба да биде комплицирано и застрашувачко, а тоа е начинот на кој често знае да се презентира. Не треба да засадите лозје за да направите вино. Многу овошки можете да ги соберете или одгледате во летната бавча. Ако сте љубител на вино, ве охрабрувам да направите свои вина.

Пред да започнете со процесот на производство на овошно вино, набавете овошје и шеќер.

Колку овошје?

Количината на овошјето кое сакате да го искористите за вашето вино варира во зависност од видот на овошјето и колку интензивно сакате да биде готовото вино. Повеќето овошни вина треба да содржат некаде од 3 до 6 килограми овошје за 4 литри вино. Помалку количество овошје ќе произведе полесно вино, додека поголема количина ќе направи потешко, поинтензивно вино. Убаво е да имате два вида на вино во вашата визба. Експериментирајте со различни количини за да си ги откриете своите преференци.

Ако немате доволно овошје за количината на овошното вино што сакате да го направите, можете да го дополните со суво грозје, кое ќе додаде тело и шеќер на виното. За да добиете максимална корист од сувото грозје, натопете го целосно преку ноќ во вода, а потоа изблендирајте ги пред да ги додадете во ширата.

Колку шеќер?

Додавањето шеќер, наречено чаптализација, се врши во некои области каде грозјето нема доволно високо ниво на шеќер за да го достигне стандардниот процент на алкохол од 12 до 14%, но чаптализацијата кај нас е строго забранета за производство на комерцијални вина. Оваа постапка е наменета само за домашното производство.
Повеќето овошја содржат помала количина на шеќер од грозјето па затоа неопходно е да додадете шеќер во текот на ферментацијата за да достигнете соодветно ниво на алкохол.

Високата содржина на алкохол е потребна за безбедно чување и стареење на виното. Минималната концентрација која е потребна за да се обезбеди правилно зачувување и стареење на виното е 14%. Додадениот шеќер може да се најде во повеќе форми – шеќер во прав, кафеав шеќер, суво грозје, мед и слично.

Обично најдобро е виното да се прави со сецкан или кршен плод, наместо сок. Целото овошје, вклучително и пулпата и лушпата, додава повеќе вкус и боја на виното. Ако користите овошје, наместо сок, мора да додадете вода со шеќер.

Три килограми шеќер во 4 литри вода ќе произведат приближно 14% алкохол во готово вино ако шеќерот е целосно ферментиран. Додека на вината направени од цвеќиња и билки – состојки без суштински шеќер – треба да се додади најмалку 3 килограми шеќер на 4 литри вино.

Сепак, преоптоварувањето на ширата со шеќер може да го совлада квасецот и да го отежне започнувањето на ферментацијата. За мали серии, количината на шеќер од 3 килограми е доволно мала што нема да му пречи на квасецот. Во ваквиот случај, можете да додадете шеќер одеднаш на почетокот на ферментацијата. Додека за поголемите серии, како што се од 18 – 20 литри бараат пропорционално поголема количина на шеќер. Во овој случај се додава шеќерот во повеќе фази во текот на ферментацијата за да се спречи презаситување на квасецот. Како општо правило, не додавајте повеќе од 3 килограми шеќер во 4 литри вино во исто време.

За повеќе вакви рецепти отворете го линкот.