Дали дизајнот на чашата може да влијае на вкусот на виното?

Првично објавено на: https://sezavino.mk/дали-дизајнот-на-една-чаша-може-да-влиј/

И покрај големата листа на уреди или додатоци за вино, како Соник декантер, slip-on wine thermometers, или уред преку кој без да се повлече плутата да си ставете вино, во голема мера од нив не се потребни. За да го вкусете виното, освен едноставен декантер, отварач и сува чаша не ви е потребно ништо друго.

Исто вино, различна чаша

Факт е дека дизајнот на чашата може да го смени вкусот на виното. Пример, ако земеме едно шише вино, да речеме Шардоне и од него наполнеме неколку различни чаши, вкусот на виното ќе се разликува во зависност од обликот на чашата.

Чашата е алатка направена за да се справи со повеќето чинители на вкус во виното- како овошен, неутралноста и киселост- и да ги балансира. – Georg Riedel

Архитектурата на чашата

Секоја чаша придржува до три главни дизајн параметри – големина, облик и отвор. Големината контролира колку воздух е во контакт со виното, формата одредува како течноста ќе тече по отворот и дијаметарот на работ влијае на тоа колку брзо тече виното. Чашите можат да ги истакнат горчливите и киселите компоненти на виното, додека други со по оптимален дизајн, треба да ги изнесат овошните ароми.