Главни компоненти на виното

Првично објавено на: https://sezavino.mk/главни-компоненти-на-виното/

Главни компоненти на виното

Виното е храна, но на етикетата не постои листа од состојки, освен грозјето. Но, тоа не е целата приказна. Виното е направено од стотици, ако не и илјадници различни молекули. Многу од нив се молекулите од аромите од грозјето (примарни ароми), од ферментацијата (секундарни) и со стареењето (терцијални). Иако тие се од голема важност за уживање, аромите се само мал дел од составот на виното.

Па, од што точно е составено виното, кои се неговите главни компоненти?

85% вода. Виното е главно вода. Многу одамна, виното било побезбедно од водата, бидејќи било помалку подложно на ризик од бактериска контаминација.

13% алкохол. Тоа не е тајна, виното содржи алкохол кој се создава при алкохолната ферментација. Алкохолот во виното варира од вино на вино. Најниската соржина може да биде до 7% и тие вина се нарекуваат слатки вина чија ферментација е запрена и има остаток на шеќер. Тоа се мускатните вина, како и ризлингот. Природно ферментирани вина содржат до 15% алкохол. Тие вина кои имаат висок алкохол (14% до 15%) обично се во потоплите реони каде грозјето е со висок степен на зрелост и со висока концентрација на шеќер. Зајакнати вина имаат од 17% до 20% или повеќе.

1% глицерол. Хемиски, глицерол е алохол. Тоа е спореден производ на ферментацијата. Има масна текструра со што придонесува за вискозноста на виното и за формирање на солзите во виното кои се гледаат на чашата при провртување. Има прилично сладок вкус, кој делумно објаснува зошто некои вина се слатки иако содржат многу малку шеќер.

0,5% киселини. Киселост во вино се мери со pH вредност, обично, помеѓу 3 и 4; тоа е често покисело од сок од портокал, но помалку од повеќето газирани пијалаци. Главната киселина во виното се нарекува винска киселина.

Јаглехидрати (шеќери). Концентрацијата во шеќер во виното може да варира во зависност од тоа колку е „слатко“ виното. Многу суви вина практично немаат шеќер, а некои слатки вина можат да содржат над 200 грама на литар. Сепак, повеќето вина, дури и суви, содржат помеѓу 0 и 10 грама на литар јаглехидрати. Шеќерите во виното се главно природни овошни шеќери: фруктоза и гликоза, генерално во еднакви пропорции. Како и да е, вината можат да содржат мали, но значителни количини (1 или 2 g / L) неферментиран шеќер. Како што и името укажува, тие не можат да бидат ферментирани од квасецот или бактериите во текот на ферментацијата. Затоа, тие остануваат во виното како „преостанати шеќери“ и обезбедуваат малку сладост.

0,1% феноли. И покрај нивниот релативно мал дел, фенолите се од големо значење за поголем дел од она што го прави виното посебно. Фенолите наречени флавоноиди и антоцијани даваат на белите и црвените вина карактеристични бои. Тука спаѓаат и танините. 

Фабулозните танини – што се и зошто се толку значајни за виното