3 стилови на Шардоне и како да ги препознаете

Првично објавено на: https://sezavino.mk/3-стилови-на-шардоне-и-како-да-ги-препоз/

Доколку влегувате во светот на Шардонето, еве што треба да знаете за да се ориентирате успешно и со овие тајни за оваа сорта, ќе можете без проблем да го најдете доброто Шардоне на пазарот. Најпрво треба да се запознаете со 3 стилови на Шардоне.

Стил 1. Зреено во дабови буриња

Вкусовите на овој стил Шардоне варираат: од богатиот профил на тропско овошје, карамел и ванила до полесни ноти на круша, кора од лимон, печена јаболка и минералност. 

Она што го дефинира овој стил Шардоне е примената на дабови буриња во процесот на производство.

Дабот нуди неколку различни карактеристики:

  • прво тој воведува повеќе кислород во процесот на производство на ова вино, што доведува до повеќе мирис на печено јаболко, кора на пита и лешник;
  • второ, употребата на дабови буриња се појавуваат неколку ароматични состојки во виното, вклучувајќи ванила, каранфилче, цимет и кокос. 

На крај, со отстојување или зреење на Шардоне во дабови буриња, поминува преку дополнителен процес наречен секундарна ферментација или малолактичка ферментација, кој го зголемува богатството на вкусови и го омекнува виното.  

Кога го барате овој стил на Шардоне, проверувајте ги следниве карактеристики: 

Барајте Шардоне кое е зреено или ферментирано и зреено во дабови буриња. 

Барајте според следниве описи на вкусот и посочете ја примената на дабови буриња: ванила, крем бруле, печена јаболка, кокос, печен даб и карамела. 

Базното Шардоне од овој стил треба да се консумира од 3 до 5 години по датумот на производство, најдобрите стареат добри 10 години и повеќе. 

Доколку Ви биде понудено Шардоне Барик, бидете сигурни дека станува збор за овој стил на Шардоне. 

Стил 2. Цитрусно, не зреено во дабови буриња

Ако сте љубители на бело вино со цветни ноти и овошје, овој стил е идеален избор. Овој стил варира на вкус од овошен профил на жолто јаболко, свеж ананас и манго до цветен профил на бели цвеќиња, зелено јаболко, круша и кора од цитрус. 

Овој стил се прави во средина со помалку кислород со цел да ја задржи својата свежина и киселоста. Повеќето вина ферментираат во садови од нерѓосувачки челик и се оставаат само кратко време пред да бидат пуштени на пазарот.

Што да барате?

Шардоне на кое експлицитно е напишано дека не е зреено во дабови буриња. Барајте опис на вкусови кои укажуваат дека нема даб: суво, минерално, свежо, бели цвеќиња, цитрус. 

Стил 3. Пенливо вино. Вlanc de Вlanc

Шардонето е единствената бела сорта која се користи за производство на Шампањ. Вlanc de Вlanc на етикетата значи дека виното е направено само од Шардоне и тоа обично е едно од најдобрите и скапи Шампањи.

Вкусовите му варираат од лимон, саќе, жолта јаболка, печена ванила и лешник до кора од лимон, минерали и орлов нокт (растение).