Препознаете ги ароматичните дефекти во вашето вино

Првично објавено на: https://sezavino.mk/ароматични-дефекти-во-виното/

Кога ќе го мириснете вашето вино, на што ви мириса? Поголемиот дел од времето, аромата би било со овошна, цветна или зачинета арома Виното може да има арома дури и на земја, пушено месо, путер или тропска арома. Сите овие ароми на виното му даваат пријатност и хармоничност. Но, што ако мириса на расипано јајце или влажен весник? Toa e знак дека виното има маани и не би сакале да го пиете.

Во продолжение следуваат 4 поважни ароматични дефекти на виното. 

Оксидираност. Виното со ваков дефект ќе има арома на шери, ќе бидат малку налудничави или дури и како изгорено мачмало или задушено овошје. Истовремено, бојата на оксидираното вино се менува во кафена боја – црвена цигла кај црвеното, додека кај белите – потемнува или добиваат кафено-жолта боја. Ова е резултат од тоа што виното се чува на високи температури или е изложено на воздух. 

 

Испарливи киселини. Доколку виното ви мириса на оцет станува збор за бактериско расипување кои настанале при производството. Овие ацетобактерии, можат да го претворат целтото виното во оцет. 

 

Сулфур. Сулфур диоксид се користи во производството на вино со цел да се заштити од разни микроби и бактерии, но прекумерната употреба може да предизвика промена во мирисот и тоа на расипано јајце. 

 

Плута дефект. Плута дефект на виното потекнува од соединението трихлороанизол и е знак на мувла на неисправна плута. Ако вашето вино мириса на влажно куче или влажно весник, најверојатно го поседува овој дефект. Наједноставниот начин да се избегне плутано вино? Нарачајте или купете шише вино со метални затворачи.