Рецепт за вино со мед и зачини

Првично објавено на: https://sezavino.mk/рецепт-за-вино-со-мед-и-зачини/

Рецептот за виното со мед и зачини сугестира користење мед за виното да добие автентичен вкус, но можете да користете и било каков засладувач по ваша желба. Обидете се да користете и квалитетно црвено вино, доколку имате при рака. 

За овој рецепт потребни ви се:

  • 3 чаши млака вода,
  • 1 чаша црвено вино,
  • 1 стапче цимет,
  • 1 мало лажиче мускатно оревче,
  • 1 мало лажиче каранфилче,
  • 4 лажици мед,
  • исечете парче портокал и лимон за секоја чаша.

Процедурата е: 

Во голем сад ставете вода, вино и мед и добро промешајте. Медот претходно стоплете го да не биде многу густ. 

 

Додадете ги зачините и оставете го виното во фрижидер да покисне од 18 до 24 часа. 

Кога ќе помине тоа време, отстранете ги зачините со цедилка. 

Служењето може да биде по ваш избор дали сакате да додадете портокал или лимон во секоја чаша. Според овој рецепт ќе можете да послужете 4 чаши.