Добредојдовте во форумот на Сè за вино!

Македонија како винска земја, со богата винска историја и голема традиција постои огромен недостаток на винска едукација. Информации и литератури во врска со винарството на македонски јазик скоро па и нема. Затоа решив да го креирам овој форум, со цел заедно да создадеме огромна литература што ќе не подобри нас производителите, ќе ги инспирира и му помогни на идните студенти и зголеми спектарот на винските ентузијасти.

Ова е место каде што може да споделуваме мисли, искуства, знаење и рецепти во врска со виното и неговото производство. Вредноста на овој форум е во квалитетот на дискусиите и информациите што ги придонесуваме сите ние. Затоа да се потрудиме да продуцираме квалитетен материјал со тоа што ќе бидеме цивилизирани, јасни, конкретни.

Ви благодарам што сте дел од мојата мисија. Ајде да го направиме најголемиот вински форум во нашата земја!

Со почит,
Ивана Рангелова

2 Likes